Нови детали од семејната трагедија која ги потресе Скадар, Албанија и целиот регион отвораат нови насоки на истрагата.
Едисон Арази, братот на Ергис Арази, кој е спруг и обвинет за убиството Алма Арази и нивните три деца, во своето сведочење рекол дека борбата на Алма со стресот и депресијата му била позната на семејството и дека тој лично бил сведок на нејзиното долгогодишно лекување.
Тој, како што пишуваат медиумите, ги негирал тврдењата за ментално или физичко насилство, наводно извршено од осомничениот.
Едисон рекол дека семејството било хармонично, а братот и неговата сопруга биле сложни и а бракот им бил без видливи проблеми.
Тој апелирал за трпение и ја истакна важноста да се најде вистината за целиот настан и дека семејството на осомничениот од самиот почеток било во контакт со семејството на Алма Арази и дека тој се обидува да покаже разбирање и почит кон нивната ситуација.
Во сведочењето тој се осврна и на прашањето за прељубата, нагласувајќи дека не знаел за можните вонбрачни афери на осомничениот, но нагласи дека дејствијата на Алма Арази и во тој случај нема да бидат оправдани.
Понатамошните истраги и сведочења се очекуваат да откријат нови детали за оваа семејна трагедија и да помогнат да се разберат мотивите и околностите кои доведоа до овој ужасен исход.
Едисон Арази, според пишувањето на медиумите, бил во затвор поради поседување канабис, но бил обвинет и за убиство на извесен Андри Мустафа со шест истрели во телото на 17 мај 2021 година, во областа Ливадо во Скодар.
Сепак, тој останал во затвор само поради поседување канабис, бидејќи немало докази дека е вмешан во настанот.
Алма Арази викендот заедно со трите деца скокна во реката Бојана поради насилството и прељубата на нејзиниот сопруг.
Досега од реката се извлечени телата на две девојчиња, а потрагата по Алма и нејзиниот син продолжува.