Братот на Гранит Џака е загрижен за безбедноста на швајцарскиот фудбалер

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Капитенот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Гранит Џака, повторно е во центарот на вниманието пред претстојниот натпревар против Србија, кој ќе се одигра в сабота во Лесковац.

Неговиот постар брат Таулант, исто така фудбалер, дури го молеше Гранит да размисли дали треба да настапи на овој натпревар, свесен за тензиите што би можеле да се појават.

Гранит Џака и претходно бил во фокусот на контроверзии кога ја покажа симболиката на албанскиот орел при постигнување гол на Светското првенство во Русија во 2018 година. На Светското првенство во Катар во 2022, тој беше критикуван откако се фати за меѓуножјето и упати навреди кон клупата на српската репрезентација, поради што предизвика негативни реакции во Србија.

Неговиот брат Таулант Џака, албански репрезентативец, кој играше против Србија во 2014 година, го изрази своето мислење дека натпреварот ќе биде тежок за Гранит поради можните емоции и провокации. Тој изјави за швајцарскиот медиум „Blick” дека веднаш по жрепката му се јавил на Гранит и му предложил да го пропушти овој натпревар.

– Од прва рака знам колкав притисок и емоции се присутни на ваквите натпревари. Му предложив на Гранит да разговара со тренерот Мурат Јакин и можеби да не игра, но сите го знаеме – тој сака да настапи на секој натпревар за Швајцарија – изјави Таулант.

И покрај советот, Гранит Џака ќе биде дел од натпреварот, но неговиот брат го предупреди на важноста да остане смирен и да ги игнорира провокациите.

– Не е лесно да останеш под контрола 90 минути кога емоциите се толку силни, но Гранит мора да игра фудбал и да се фокусира на победата – додаде Таулант Џака.

Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија ќе се одигра оваа сабота, а сите очи ќе бидат вперени во Гранит Џака и неговиот настап на теренот.

Share This Article