Татко ѝ на Бјанка Лео сака да седне со Канје и да го праша што мисли кога ја парадира ќерка му како разголена проститутка, пишуваат светските медиуми.
Според нив, ако се земе предвид криминалното минато на нејзиниот татко, не може да се знае како ќе мине средбата со зетот.
Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори продолжуваат да привлекуваат внимание со нејзините разголени појавувања, а според дел од странските медиуми, на таткото на австралиската архитектка воопшто не му се допаѓа тоа што ќерка му се продава како „ѓубре“.
Бјанка пред неколку дена беше фотографирана на вечера со сопругот во Париз каде се појави само во проѕирни хулахопки и без долна облека. Затоа би можела дури да заврши и во затвор или да плати висока казна ако се земат предвид законите за непристојност во Франција.
Дејли мејл, повикувајќи се на извори блиски до семејството на Бјанка, пишува дека тие се чувствуваат повредено додека ја гледаат како парадира како „разголен трофеј“, па дури и се прашуваат дали контроверзниот рапер би дозволил неговите ќерки Норт и Чикаго да се шетаат во истата облека.
Според извори блиски до семејството на Бјанка, татко ѝ му е брат на озлогласениот убиец во Австралија Ерис Сенсори кој во еден период бил нарекуван „Ал Капоне од Мелбурн“. Ерис бил осуден на смртна казна во 1984 година за убиство, но подоцна неговата казна била променета во доживотен затвор.
Таткото на Бјанка, Елија, односно Лео Сенсори, неколку години поминал во затвор откако во 1982 година бил осуден за трговија со недозволени супстанции. Освен за продажба на дрога, Лео бил осуден и за поседување оружје, а се верува и дека бил дел од картел кој го контролирал нелегалното коцкање низ Сиднеј. Се верува дека Лео прво бил задоволен од Канје како зет бидејќи сметал дека контроверзниот рапер во прв план ја става безбедноста на сопругата, но по скандалозните појавувања на Бјанка во јавност, озлогласениот гангстер наводно е гневен.
Освен тоа што ја парадира полугола, познато е дека Канје не ѝ дозволува на сопругата да зборува во јавност, а истовремено ја оддалечил и од нејзиното семејство.
Според блиски извори, Лео само сака да разговара со зетот.