Братот на актерката Хајден Панетиер Јансен ненадејно почина на 19 февруари на 28-годишна возраст, а сега е откриена причината за смртта. Семејството издаде соопштение во кое се вели дека Јансен починал од зголемување на срцето и компликации со аортната валвула, пишува „Дејли мејл“.
Јансен беше пронајден мртов од пријатели во неговиот стан во Њујорк. Тие дошле да го посетат да видат што се случува бидејќи ја пропуштил средбата. Го нашле како „седи исправено на столот и не реагира“ и почнале да го оживуваат, но безуспешно.
„Неговата харизма, топлина и сочувство кон другите и неговиот креативен дух ќе живеат засекогаш во нашите срца и во срцата на сите што ги сретнал. Медицинскиот вештак објави дека ненадејната смрт на Јансен била резултат на кардиомегалија (зголемено срце), заедно со компликации од аортниот залисток.
Можеби ќе ве интересира
ПОРАНЕШНАТА НА КЛИЧКО ПРОГОВОРИ ЗА ЗАВИСНОСТА Дрогата и…
Плусинфо 07/07/2022
Искрено ја цениме љубовта и поддршката на нашето семејство додека поминуваме низ оваа незамислива загуба и бараме ваша приватност во ова време на тага. Те сакаме многу Јансен и засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, напиша семејството.
Јансен, кој беше пет години помлад од својата сестра, тргна по стапките на Хајден и се занимаваше со глума. Неговата последна улога беше во комедијата „Љубов и не љубов“ од 2022 година. Во 2008 година, тој доби номинација за наградата млад уметник за неговата работа на „Последниот ден од летото“. Во времето на неговата смрт, тој беше вклучен во пет различни проекти.
ФОТО: Инстаграм