More

    Бранителот Шврговски за одлуката на судот во случајот „Титаник 2“

    spot_img

    Адвокатот Љупчо Шврговски, бранител на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, по новата осудителна пресуда за неговиот клиент со казна затвор од 2 години во случајот Титаник 2, предвиде дека и оваа пресуда ќе ја доживее истата судбина како претходната, која беше укината од Апелацискиот суд.

    Тој смета дека не се испочитувани ниту едно од напатствијата дадени од повисокиот суд, а кои беа причина предметот да се врати на ново судење.

    – Законот вели дека одлуката на Управниот суд, правосилната одлука, има сила на закон. Како може вие со обвинение да дирогирате одлука на Управен суд, а притоа не сте докажале, надвор од разумно сомнение, дека одлуката на Управниот суд е сторена со кривично дело од страна на судиите коишто одлучувале?

    Ако ја следите хронологијата на настаните ќе видите дека до сега ниту едно единствено рочиште не е одложено по барање на одбраната или одбраната била причина или обвинетите за одлагање на овој предмет. Видете во колку наврати овој предмет е одлаган по 3-4 месеци и од кого е одлаган? Дали одбраната е виновна за тоа или некој друг? Сепак ќе треба Судскиот совет да го разгледа овој предмет за да види која е причината што овој предмет трае толку долго.

    Затоа, надвор е од памет дека ние сакаме или купуваме време. Тука нема дело. Самата пресуда на Аплеациониот суд јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите – вели Шврговски.

    Сите обвинети во „Титаник 2“, Сашо Мијалков, лидерот на ДПА Мендух Тачи и четворица членови на тогашниот состав на ДИК, со денешната одлука на судот се осудени на по две години затвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img