More

    Браната на реката Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме

    spot_img

    Браната на реката Отиња ќе ја завршиме до 2026 година, нешто што многу влади ветуваа, ние ќе ја изградиме. Владата издвои дополнителни 2 милиони евра за нејзината доизградба, изјави министерот за транспорт Александар Николоски, за време на денешната посета на општина Штип.

    Тој информира дека вчера е распишан тендер за доизградба на браната, а до крајот на месецот треба да биде избран изведувач на работите.

    -Тоа конечно значи завршување на овој ветуван проект. Определивме 2 милиони евра дополнително за завршување на браната, очекувам крајот на овој месец да имаме избран изведувач. Вкупната вредност ќе оди некаде 8 милиони евра. Можам да ветам дека до крај на 2026 година ќе биде завршено езерото, а веќе 2027 година во летната сезона да се користи – рече Николоски.

    Според него, изградба на браната  ќе има значење не само за Штип туку и за целиот регион бидејќи ќе служи за наводнување и за рекреација на граѓаните од Источна Македонија.

    – Она што е Мавровското Езеро за Западна Македонија, браната на Отињa ќе  стане за Источна Македонија. Ова е проект којшто многу влади го ветувале, еве конечно со тендерот што вчера го распишавме ќе го завршиме – рече Николоски.

    Тој информира дека во инфраструктурни објекти во Штип само оваа година се инвестирани 12, 5 милион евра.

    Николоски беше на  увид во реконструкција на локалните улици Христијан Тодоровски Карпош и АСНОМ во Штип кои се реализираат преку Министерството за транспорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img