Бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит можеби е готов, но обожавателите сè уште го сакаат нивниот култен филм „Господин и г-ѓа Смит“ заедно.
Анџелина беше уловена од папараците додека присуствувала на филмскиот фестивал во Њујорк вчера вечерта како потпишува филмски постер за акциониот филм од 2005 година.
Јасно се гледа ликот на нејзиниот поранешен, но Џоли изгледаше крајно стоички и со смрзнато лице додека го потпишуваше своето име покрај несаканото лице на постерот, објави „Пејџ сикс“.
Сепак, нејзиниот камен израз јасно покажа дека таа очигледно избегнува да ја погледне сликата на нејзиниот поранешен сопружник, пред да продолжи со вечерата. Таа носеше црн капут со потпетици во боја на кожа, а очите ги криеше зад црни авијатичарски очила за сонце.
Џоли (49) и Пит (60) глумеа шпионска двојка во „Господин и г-ѓа Смит“, хит филмот што беше објавен истата година кога актерот го финализираше разводот со Џенифер Анистон. И нивниот брак се распадна во 2016 година, но конечно се разведоа во 2019 година.
Двојката беше вмешана во неколку правни битки во текот на годините, а минатата недела Џоли поднесе барање за отфрлање на нејзината тужба против ФБИ поради наводниот инцидент на малтретирање во приватен авион во 2016 година. Иако не беа покренати обвиненија против Пит во тоа време, тоа ја натера добитничката на Оскар да поднесе барање за прекин на нивниот брак неколку дена подоцна.
Познатите бивши имаат шест деца. Тие ги посвоија синовите Медокс (23) и Пакс (20) и ќерката Захара (19), додека Џоли ги роди Шајло (18) и близнаците Нокс и Вивиен (16).
Гордата мајка, која во неделата присуствуваше на премиерата на филмот „Марија“ со нејзините три деца, на почетокот на месецот во интервју за „Холивуд репортер“ прекина секоја понатамошна дискусија за нејзината разделба со Пит и на прашањето за статусот на нивниот развод, постави „цврсти граници“ и едноставно му рече на новинарот: „Не“.
Сепак, оскаровката откри дека планира да го напушти Лос Анџелес кога ќе пораснат нејзините најмали деца.
– Во овој град пораснав. Овде сум затоа што морам да бидам тука поради разводот, но штом ќе наполнат 18 години, ќе можам да заминам – објасни таа: – Кога имаш големо семејство, сакаш да имаат приватност, мир, безбедност.
Џоли неодамна го промовираше својот филм „Марија“ во кој ја игра покојната оперска пејачка Марија Калас. На филмскиот фестивал во Венеција минатиот месец, Џоли ја воодушеви публиката и доби осумминутни овации за нејзината изведба.
Во меѓувреме, Пит моментално се забавува со дизајнерката на накит Инес де Рамон, со која е во врска од ноември 2022 година, која неодамна ја донесе на филмска премиера во Лос Анџелес.