More

    Браќата Абдул Рашид и Шоаиб Ахмед од Пакистан, во јавноста станаа познати како „соларни деца“ поради мистериозна болест

    spot_img

    Браќата Абдул Рашид и Шоаиб Ахмед од Пакистан, во јавноста станаа познати како „соларни деца“ поради мистериозна болест.

    Двајцата водат нормален живот во текот на денот, но во текот на ноќта започнува нивната агонија, стануваат парализирани кога сонцето заоѓа.

    Болеста ги спречува сами да јадат, пијат или да одат во тоалет.

    – Во нив е присутна од раѓање. Кога сонцето заоѓа, тие стануваат парализирани. Се надевам дека моите деца наскоро ќе можат да одат ноќе – изјавил таткото на децата, Ефе Мохамед Хашим.

    Соларните деца се менуваат кога Сонцето заоѓа

    Соседите бргу почнале да ги нарекуваат момчињата „соларни деца“. Камерите ги фатиле децата како се менуваат, по што следуваше универзално чудење.

    Како што заоѓа сонцето, тие почнуваат да имаат потешкотии во движењето и контролата на своите екстремитети, додека сонцето целосно не зајде и момчињата не се одведени во кревет.

    Хашим има шест деца, три од нив имаат мистериозна болест, три момчиња, додека, пак, двете ќерки и четвртото момче се целосно здрави.

    Кога Абдул имал две години, татко му го однел во болница, но решение или објаснување за болеста никогаш не било најдено. Никој не можел да им помогне на момчињата да водат нормален живот. Дури и со 300 различни тестови, лекарите долго време веруваа дека се работи за генетика.

    Кое е научното објаснување за оваа болест?

    Кога случајот со „Соларни деца“ излезе на виделина во медиумите, пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), лоциран во Исламабад, понуди да плати за истражување за лекување на малите.

    Откриено е дека сончевото зрачење предизвикува абнормално ослободување на допамин во нивните тела во текот на денот, што доведува до нивна парализа откако ќе се стемни.

    Дали постои лек за болеста на „Соларните деца“?

    Лекарите им препишале на децата таблети допамин, советувајќи ги да земаат поголеми дози ноќе, а помалку во текот на денот.

    За чудо, децата почнале да си ги враќаат здравјето и виталноста.

    Но, до ден денес нивниот здравствен проблем не е официјално решен, туку апчињата им го олесниле животот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img