Денес на планината Галичица се случи сообраќајна незгода, каде животот го загуби брачен пар, жители на Општина Ресен, на возраст од 50 години.
Сообраќајната незгода се случи на местото викано „Превој“ на планината Галичица.
Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“.