Судирите меѓу Израел и Палестина, кои беснеат по саботниот упад на борците на Хамас на израелска територија, се придружени со тажни приказни за цивили кои страдаат. Палестински борци упаднаа и во куќата на 30-годишна двојка – и двајцата беа убиени откако се обиделе да пружат отпор. Двојката ги сокрила своите 10-месечни близнаци во засолништето пред доаѓањето на Палестинците, кои за чудо ја преживеале трагедијата.
Последните денови вооружените сили на Хамас упаднаа и во куќата на израелска двојка. Нивната приказна на социјалната мрежа X ја сподели израелскиот амбасадор во Колумбија, Гали Даган.
Итаи и Хадар Бердичевски дале отпор на борците кои влегле во нивниот дом, но безуспешно. Тие беа убиени за време на пресметката. Уште пред доаѓањето на Палестинците, во засолништето ги сокриле своите 10-месечни близнаци.
Според Даган, двете деца ја преживеале трагедијата. Тие останаа да се кријат во следните 12 часа пред да бидат спасени од израелски војници. Според американските таблоиди кои се повикуваат на израелските медиуми, близнаците сега се со нивните баба и дедо.