Божовиќ Гроф ќе го замени Боби Милевски?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот тренер на Црвена ѕвезда, Миодраг Божовиќ Гроф, наскоро ќе биде назначен за нов селектор на македонската фудбалска репрезентација.

Според „24sedam“, искусниот стратег ќе ја преземе репрезентацијата на поранешната југословенска република во обид да ја однесе на ЕУРО.

„Гроф нема да има лесна задача на овој пат. Македонците се во група со два големи фаворити Англија и Италија и Украина која чека шанса да дојде до едно од двете места кои водат на континенталниот шампионат. Да потсетиме, Македонците освоија три бода во првите три квалификациски натпревари, со почетен триумф против Малта (2:1), и болен пораз (2:3) од Украина на домашен терен по водството од 2:0 на полувремето, како и убедлив неуспех против Англија (0:7). Овие резултати очигледно ги принудија челниците на националниот сојуз на Северна Македонија да му се заблагодарат на досегашниот селектор Благоја Милевски за соработката и да го заменат со познато тренерско име“, наведено е во цитатот.

Педесет и петгодишниот црногорски фудбалски стручњак остави најголема трага во својата тренерска кариера во Русија, а меѓу два престоја таму мина две сезони на клупата на Црвена ѕвезда со која освои една шампионска титула.

Share This Article