More

    Божиновска во Вашингтон ја дискутираше иднината на енергетиката во земјава

    spot_img

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Вашингтон разговараше со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси, Џефри Рос Пјат, околу националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

    „Во рамките на работната посета на САД, Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Вашингтон оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси, Џефри Рос Пјат.

    На средбата, министерката, заедно со вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, разговараа околу националните стратешки енергетски цели, зелената транзиција и потребата од инвестиции во гасификацијата и обновливи извори на енергија.

    – Една од стратешките цели на Владата е во наредниот период да ја намали увозната зависност на земјава од електрична енергија. Зелената транзиција и декарбонизацијата се меѓу приоритетите во наредниот период, а од клучен интерес е брз старт со реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори кои ќе бидат додадена вредност за електроенергетскиот систем. Ја прилагодуваме и законската регулатива, согласно строгите ЕУ директиви, која ќе ни биде своевиден патоказ според кој ќе се движиме во иднина – истакна Божиновска на средбата со Пјат.

    Владините претставници, со високиот претставник на САД, разменија мислења во врска со  активностите кои во наредниот период ќе се реализираат во сегментот гасификација. Со оглед што целосниот процес, како и изградбата на интерконтектори со соседните земји, е еден од приоритетите, се разгледуваа и можностите за евентуалното приклучување на земјава кон постојните гасоводи во регионот. Со приклучок кон Трансанадолискиот гасовод (ТАНАП) и кон Трансјадранскиот гасовод (ТАП), Македонија значително би ја зајакнала својата енергетска безбедност и иднина, со оглед дека иднината кон енергетската транзиција е токму замена на јагленот со гасните коридори.

    Во наредниот период, САД остануваат силни стратешки партнери на земјава кон зелената транзиција“, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Министерката Сања Божиновска оствари средба и со помошникот директор на Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) за Европа и Евроазија, Ерин Елизабет Меки.

    „Инвестициите во обновливи извори, заштитата на животната средина, придобивките од зеленото енергетско сценарио и влијанието на климатските промени беа во фокусот на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со Ерин Елизабет Меки, помошник директор на УСАИД за Европа и Евроазија.

    На состанокот одржан во рамките на работната посета на Божиновска на САД, на кој учествуваше и вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, биле истакнати заложбите на УСАИД кон реализацијата на проекти од јавен интерес“, се наведува во соопштението.

    – Разговаравме за потенцијалите на земјава околу започнување нови иницијативи и проекти кои ќе помогнат полесно да го изодиме патот кон зелената транзиција и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Политичката стабилност е од круцијално значење во напорите за создавање клима за привлекување странски инвестиции. Разменивме слични ставови во врска со потребата од континуирана соработка за справување со еколошките предизвици, како и за поддршка на зелените иницијативи кои ќе помогнат кон одржливиот развој и заштита на животната средина во регионот на Југоисточна Европа – подвлече Божиновска.

    Таа неодамна оствари работен состанок со делегација на УСАИД, предводена од Џери Дибл, претставник за Македонија на која беа споделени важни стратешки приоритети, со акцент на модернизацијата на енергетските капацитети и мапирање на идните проекти за соработка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img