More

    Божиновска најавува модернизација на преносната мрежа на струја

    spot_img

    Македонија е на прагот на значајни промени во енергетскиот сектор, преку поставување на темелите за енергетска независност. Во период кога глобалните енергетски предизвици се сè поприсутни, државата се соочува со потребата од модернизација на енергетската инфраструктура, како и пренасочување кон обновливи извори на енергија, вели за српски „Енергетски портал“ министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

    Божиновска во интервјуто говори за плановите за енергетската  иднина на Македонија.

    -Наша основна цел е зајакнување на домашните производни капацитети во државна сопственост преку повеќегодишни и долгорочни инвестиции во енергетската инфраструктура и во капацитети кои ќе гарантираат  енергетска стабилност и независност. Планираме реализација на капитални инвестиции, што е еден од приоритетите на новата Влада. Енергетскиот сектор долго време беше запоставен, но сега ќе има посебно место, па  ќе работиме темелно со цел да стигнеме до енергетска независност. Покрај нови проекти,  планираме да го заокружиме и енергетското поврзување со соседните земји – вели Божиновска.

    Божиновска смета дека зголемувањето на обновливите извори на енергија или модернизација на електропреносната мрежа може и треба да се одвиваат паралелно.

    – Ќе воведеме и задолжително користење на батерии за фотонапонските елктрани преку кои ќе се складира електричната енергија и ќе може да се искористи кога ќе биде потребна во системот. Но покрај експанзијата на фотоволтаици, планираме да балансираме преку искористување на водата, ветерот, биомаса, биогас,  кои исто така се ефикасни и нудат различен квалитет и можности за производство на енергија во различни делови од денот и годината. Токму затоа, во првите денови на новата Влада објавивме нова мегаинвестиција со изградба на ветерен парк од 400MW инсталирана моќност со монтажа на преку 50 ветерни турбини, што  претставува најголем ветерен парк во земјите на Западен Балкан, кој ќе обезбедува електрична енергија за потребите на преку 100.000 домаќинства- вели министерката.

    Таа нагласува и дека во претстојниот период значајна улога кон енергетската независност ќе има и целосната гасификација на земјата и изградбата на интерконектори кон соседните земји.

    Одговорајќи на новинарско прашање околу потребата од промена на регулативата во енергетскиот сектор, таа образложува дека промената на регулативата е потребна пред сè , за да го заштити интересот на граѓаните, и да создаде фер услови и пристап за секој сериозен чинител што има намера да инвестира во тој сектор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img