More

    Божиновска и Јанушев се нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот комитет, а на седницата се разговараше за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата, информираше партијата на Христијан Мицкоски.

    „Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата. Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства. Излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци. Воедно, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев. Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи. Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img