More

    Boxing day, големиот клупски фудбал денес се враќа

    spot_img

    По Светското првенство не требаше долго да чекаме за да го гледаме најдобриот клупски фудбал во Европа и светот.

    Со седум натпревари кои треба да се одиграат во текот на денот, англиската Премиер лига се враќа во боксерскиот ден за прв пат по Светското првенство.

    Фудбалот ќе се врати во Англија со натпреварот Брентфорд – Тотенхем. Менаџерот на „Пијевац“, Антонио Конте веќе има проблеми со составувањето на тимот, бидејќи не е задоволен од состојбата во која се вратија играчите од Мундијалот.

    „Фактот што имавме толку многу играчи на Светското првенство покажува дека имаме добар тим подготвен да се бори за важен резултат. Од таа страна секако дека сум среќен, но од друга не сум толку затоа што играчите се уморни по се што се случи во Катар. Играчите не се во најдобра состојба“, изјави Конте.

    Натпреварот помеѓу Брентфорд и Тотенхем започнува во 13:30 часот.

    Потоа следуваат четири натпревари со почеток во 16:00 часот. Кристал Палас ќе го пречека Фулам, Евертон ќе биде домаќин на Вулверхемптон, Лестер на домашен терен ќе игра против Њукасл, додека Брајтон ќе биде домаќин на Саутемптон.

    Астон Вила од 18:30 часот му гостува на Ливерпул, а Арсенал од 21 часот на својот стадион игра со Вест Хем.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img