Борусија Дортмунд му понуди 40 милиони евра на Ајакс за напаѓачот Себастиен Халер, објавија германските медиуми.
Халер треба да го замени норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд, кој се пресели во Манчестер Сити. Минатата сезона одигра 43 натпревари за Ајакс и постигна 34 гола.
Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска има искуство со играње во Бундеслигата, помина две сезони во Ајнтрахт Франкфурт. Во текот на кариерата играше и за Оксер, Утрехт и Вест Хем.