Борците во Мариупол да се предадат до 14 часот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за одбрана им постави нов ултиматум на украинските сили во Азовстал, пренесува Би-Би-Си.

„Руските вооружени сили, базирани исклучиво на хуманитарни принципи, уште еднаш предлагаат борците на националистичките баталјони и странските платеници да ги прекинат воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Ниту еден украински војник вчера не ја прифати истата понуда, се вели во соопштението на Министерството.

Градскиот совет на Мариупол во објава на Телеграм соопшти дека и покрај бројот на руски војници во градот, тие сепак не успеале да го освојат Мариупол, па затоа „сакаат да ја срамнат со земја“ фабриката за челик. Понатаму, се наведува дека Русија не ја одвратил фактот што во комплексот се засолнети и цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата и понатаму е тешка и непроменета, а судбината на десетици илјади цивили останува непозната.

Share This Article