More

    Борова шума гори во резерватот Јасен, активни се и четири други пожари

    spot_img

    Вкупно 24 пожари на отворено, од кои 5 се активни, 3 се под контрола и 16 се изгаснати во последното деноноќие, информира Центарот за управување со кризи.

    Активните пожари на отворен простор се во: Општина Лозово, кај с.Бикирлија, месност „Убого“, Општина Градско и кај Јаношево, Општина Неготино, каде гори ниска вегетација, Општина Македонски Брод , кај с.Тажево и с.Брезница, крак од пожарот кон ЈП „Јасен“ во правец кон месноста „Раставувачи за струја“ каде е зафатена борова шума, Општина Кочани, кај с.Главовица гори мешана шума, Општина Долнени, кај с.Долгаец и Маргари каде е зафатена висока трева и мешана деградирана шума и во Општина Демир Хисар, на Илинска Планина помеѓу селата Слоештица, Брежани и с.Плаќе.

    Трите пожари кои се под контрола се во: Општина Старо Нагоричане, кај с.Ругинце каде горела ниска и мешана шума и во Општина Штип, кај с.Цршка каде горела ниска вегетација и во Општина Македонски Брод, кај с.Латово и с.Русјанци каде била зафатена мешана шума.

    „Изгаснатите 16 пожари на отворено биле во: Општина Охрид, депонија Мауцкер (гореше ѓубриште); Општина Кратово, кај с.Татомир (каде што гореше мешана шума); Општина Босилово, меѓу с.Босилово и с.Турново (мешана шума); Општина Делчево, кај с.Очипала (ниска вегетација); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане, кај с.Степанце (ниска вегетација и грмушки); Општина Сарај, кај с.Семеиште, с.Чајлане и с.Арнакија (мешана шума); Општина Петровец, кај с.Бадар (ниска вегетација); Општина Желино:с.Лешница (ниска вегетација); Општина Берово, кај с.Будинарци (борова шума); Општина Струмица: с.Куклиш (депонија); Општина Гостивар, кај с.Чајле (ниска вегетација); Општина Крушево, имаше два (2) пожара, кај с.Саждево и кај с.Нерово (ниска вегетација) и во Општина Сарај, кај с.Дворце (ниска вегетација)“, соопшти ЦУК.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img