Сѐ додека не ги најдат виновниците и не ги изведат пред лицето на правдата, ние ќе инсистираме на тоа, вели лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов и порача дека нападот врз секретарот на бугарскиот културен центар „Цар Борис“, Христијан Пендиков, ги поткопува огромните напори на Бугарија за влез на Македонија и Албанија во Европската Унија.
– Овде гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание, намерно, и тоа се прави многу активно. Во никој случај не треба да бидат заведени. Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО – изјави Борисов.