More

    Борел упати остри пораки до Србија

    spot_img

    Србија не може да биде членка на ЕУ и да има односи со Русија, рече денеска во Брисел високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.

    Тој истакна и дека процесот на европска интеграција на Србија и на Косово зависо од нормализацијата на нивните односи.

    На прес-конференцијата, откако Колеџот на комесари го усвои Пакетот за проширување за 2024 година, Борел рече дека во дијалогот меѓу Белград и Приштина се постигнати многу договори, но дека „за жал, прашањето за имплементација уште не е решено“.

    – И за Србија и за Косово динамиката на проширувањето и напредокот во дијалогот со цел нормализирање на односите, мора да одат рака под рака. Не може едното да се направи, а другото не – рече Борел.

    Шефот на европската дипломатија истакна дека напредокот кон ЕУ и дијалогот се меѓусебно зависни и бараат одредени напори, но дека овие напори на крајот ќе се исплатат, особено за граѓаните.

    Тој изрази надеж дека Охридскиот договор ќе се спроведе и дека ќе доведе до нормализирање на односите, а подоцна и до членство во ЕУ.

    Борел зборуваше и за неопходноста од усогласување на земјите кандидати за членство со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, посочувајќи дека тоа е показател дека кандидатите ги споделуваат европските вредности и геополитички цели.

    – Едноставно не можете да одржувате односи со Русија и да се преправате како ништо да не се променило и да очекувате вашата земја да биде дел од ЕУ во таква ситуација. Мора да изберете едно или друго – истакна Борел.

    Тој рече дека некои земји целосно се усогласиле со политиката на ЕУ, споменувајќи ги Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, како и дека Украина и Молдавија значително го подобриле усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

    – Порано или подоцна треба да ја усогласите вашата надворешна и безбедносна политика со политиката на ЕУ. Во спротивно, прашањето за членство ќе биде загрозено – рече Борел.

    Посочувајќи дека членството во ЕУ е стратешки избор, Борел рече дека алтернативите можеби ќе бидат полесни на краток рок, но дека тоа може да ги чини подоцна.

    – Ова е последниот пакет за проширување на оваа Комисија – рече Борел.

    Тој потсети дека во 2019 година имало пет кандидати за членство, а денес има девет, како и еден потенцијален кандидат.

    – Тоа покажува дека ЕУ е еден вид магнет што ги привлекува луѓето и соседните земји – рече Борел, додавајќи дека граѓаните во земјите кандидати веќе имаат опипливи придобивки во нивниот секојдневен живот од постепената интеграција.

    Борел додаде дека ЕУ не само што треба да биде поголема, туку и посилна.

    – Сакаме нови држави, но сакаме да бидеме посилни заедно со нив – рече Борел.

    Во соопштението на Комисијата се наведува дека проширувањето останува процес заснован на заслуги и зависи од објективниот напредок на сите партнери, како и од одлучноста во спроведувањето на неповратни реформи, во сите области на правото на ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img