More

    Борел: ЕУ е подготвена да разгледа мерки против Србија

    spot_img

    Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека ЕУ е подготвена да разгледа „мерки“ против Србија доколку земјата не ги исполни барањата на Унијата.

    „Брисел внимателно следи дали Србија ги исполнува барањата на ЕУ за смирување на тензиите на северот на Косово и доколку оцени дека Белград не ги почитува, подготвен е да размисли за воведување мерки против властите во Србија“, рече. Борел.

    Одговорот на Борел на пратеничко прашање беше објавен во четвртокот, неколку дена по судирите викендов во северно Косово, во кои загина полицаец.

    „Потребно е страните да се вратат на дијалогот што го води ЕУ. Двете страни треба да исполнат многу обврски, вклучувајќи го и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство“, рече Борел.

    Околу три часа по полноќ на 24 септември, во Бањска, општина Звечан, во нападите врз единиците на косовската полиција беше убиен Африм Буњака, а полицаецот Албан Рашити беше ранет. Во полициската акција беа убиени и тројца напаѓачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img