Боливија уништила 21,6 тони кокаин, што е најголемата заплена на дрога во таа земја досега

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Боливија се уништени 21,6 тони кокаин по „најголемата заплена“ на дрога во историјата на земјата, објавија властите. Кокаинот бил пронајден на 15 октомври во пратка соја.

„Ја информираме Боливија и меѓународната заедница за денешното согорување на 21,6 тони конфискуван кокаин“, објави на Фејсбук министерот за внатрешни работи Едуардо Дел Кастиљо.

Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Боливија и една од најголемите во регионот во последните години во една операција, рече министерот.

Пратката со кокаин била наменета за Германија.

Според податоците на ОН, Боливија е трет производител на кокаин, по Перу и Колумбија.

Share This Article