More

    Болеста на британскиот монарх ги забрза работите

    spot_img

    Лошата здравствена состојба поради лекувањето на ракот го принуди кралот Чарлс да ја забрза работите во Бакингемската палата за тој и неговата сопруга Камила да можат што побрзо да се вселат.

    Уште минатата година извори блиски до кралското семејство најавија дека кралот и кралицата ќе се преселат во палатата во строгиот центар на Лондон, а со забрзувањето на работите се поочигледно е дека преселбата ќе се одвива според планот и ќе биде завршена до 2027 година.

    Целта е да му се олеснат секојдневните задачи на кралот за да не мора повеќе да патува од Кларенс Хаус, неговиот сегашен дом и да може многу побрзо да ги извршува сите свои обврски. Кралската двојка планира да се пресели во северното крило на палатата, која е подложена на десетгодишно реновирање, иницирано од кралицата Елизабета Втора. Во моментов се реновираат приватни апартмани.

    Со оглед на тоа дека се работи за сложен процес на преселување, кралот моментално бара нови членови на персоналот кои ќе имаат клучна улога во тоа. Неговата канцеларија објави оглас во кој бара луѓе да „одржуваат, чистат и да се грижат за широк спектар на ентериери и предмети“.

    Во огласот исто така е наведено дека од вработените ќе се бара да патуваат во други кралски резиденции во текот на годината до три месеци.

    „Претходното искуство во домаќинство или угостителство не е неопходно, но ќе биде предност. Повеќе сме заинтересирани за вашиот проактивен пристап и способност да се справите со новите предизвици“ – стои во огласот.

    Останува единствено непознато дали кралот Чарлс ќе ја задржи Кларенс Хаус како втор дом откако ќе се пресели во луксузната Бакингемска палата со 775 соби, но сигурно е дека имотот во Сандрингем каде моментално го поминува поголемиот дел од своето време, ќе остане неговата омилена дестинација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img