More

    Болеста го уништува, на децата им напишал проштално писмо

    spot_img

    Ѕвездата на „Паркот Јура“ Сем Нил (76) откри каква порака им подготвил на своите деца во случај да му останат само уште неколку месеци живот. Имено, филмската ѕвезда ја сподели својата потресна дијагноза на рак на крвта во третата фаза.

    Актерот неодамна објави сериозна дијагноза на рак на крвта, која е утврдена во третиот стадиум.

    „Не знаев колку долго ќе можам да живеам. Затоа мислев дека веројатно би требало да им напишам нешто на моите деца и внуци бидејќи можеби нема да бидам тука за неколку месеци. Би било добро да имаат нешто мое, како и некои работи што ги направив“, порачал актерот.

    Сем тажно откри дека веќе планира што да им каже на својот син Тим, ќерката Елена и внуците откако му бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом.

     

    Тој исто така откри дека почнал да зема нов експериментален лек за борба против чудната лимфомна болест откако хемотерапијата не успеала.

    И покрај ветувачките вести, Нил знае дека нема да трае вечно. Лекарите му рекле дека еден ден лекот ќе престане да делува, за што рекол дека е „подготвен“.

    – Во никој случај не се плашам од смртта. Тоа не ме загрижува. За почеток не ме загрижуваше, но ќе ме изнервира. Би се изнервирал бидејќи има работи кои сè уште сакам да ги правам. Умирањето е многу иритирачко. Но, не се плашам од него – додал тој.

    Нил рече дека дознал дека има рак минатата година за време на неговото прво патување во Нов Зеланд, по две години карантин што му оневозможило да се врати дома и да се сретне со семејството.

    Неговиот син Тим за „Аустралиан стори“ раскажал дека едвај еден час по враќањето на татко му во Нов Зеланд, лекарот му се јавил со страшната вест.

     

    Нил сега прима инфузии на секои две недели и ќе го прави тоа до крајот на животот или додека лекот не престане да делува.

    „Исцрпувачки е, многу мрачно и депресивно“, открива тој.

    Нил ја откри веста за својата болест за првпат во своите мемоари, каде веќе во првото поглавје напиша дека „најверојатно умира“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img