Познатиот актер Алек Болдвин ќе биде обвинет за ненамерно убиство поради пукањето кон режисерката Халина Хачинс, која беше убиена на снимање сцена на нејзиниот филм „’Рѓа“ со пиштол-реквизит, јавува Би-Би-Си. Обвинение ќе добие и Хана Гутиерез-Рид, девојката задолжена за обезбедување реквизити за филмот.
– Актерот и продуцент Алек Болдвин и Хана Гутиерез-Рид ќе бидат обвинети по две точки за ненамерно убиство. Утврдив дека има доволно докази. Кога јас сум тука, никој не е над законот и сите заслужуваат правда – изјавила окружната обвинителка на Санта Ге, мери Кармак-Алтвис.
Обвиненијата ќе бидат поднесени до крајот на месецот, а обвинетите веќе најмиле адвокати за да се борат на суд. И двајцата се соочуваат со 18 месеци затвор и парична казна од 5.000 долари доколку бидат осудени. Ним ќе им суди порота, соопштија обвинителите.
Филмскиот режисер Џоел Соуза исто така беше ранет во престрелката, но обвинителите соопштија дека нема да бидат покренати обвиненија во врска со тоа.
Во изјавата, сопругот на почината Халина Хачинс, Метју, рече дека го поддржува поднесувањето на обвиненијата.
– Утеха е за нашето семејство што во Ново Мексико никој не е над законот – рече тој.
Адвокатот на Болдвин, Лук Никас, ги нарече обвиненијата „ужасна утка на правдата“.
– Г-дин Болдвин немаше причина да верува дека имало жив куршум во пиштолот – или каде било на снимањето – изјавил адвокатот.
– Тој се потпираше на професионалците со кои работеше, кои го увериле дека пиштолот нема живи куршуми. Ќе се бориме со овие обвиненија и ќе победиме – додава тој.
Адвокатот на второобвинетата Хана Гутиерез-Рид, задолжена за реквизитите во филмот, рече дека обвиненијата се резултат на „многу погрешна истрага и неточно разбирање на целосните факти“.
– Хана е и отсекогаш била многу емотивна и тажна поради оваа трагична несреќа – рече адвокатот Тод Булион.
– Но, таа не извршила ненамерно убиство од небрежност – додава тој.
Смртта на Халина Хачинс доведе до повици за поголеми безбедносни прописи за филмските сетови.
По пукањето, Алек Болдвин изјави дека пиштолот погрешно пукал. Тој додаде дека не го повлекол чкрапалото и не бил свесен дека е наполнет.
– Не знам што се случи на тој сет. Не знам како стигна тој куршум во тој пиштол. Не знам – рече тој.
Во октомври, 64-годишниот актер и продуцентската куќа на филмот постигнаа спогодба со семејството на г-ѓа Хачинс за неименувана сума на пари.
Тоа се случи откако сопругот на Хачинс поднесе тужба за погрешна смрт во која се наведува дека биле прекршени индустриските стандарди.
– Сите ние веруваме дека смртта на Халина била страшна несреќа. Немам интерес да се впуштам во обвинувања или припишување вина – изјави сопругот.
Производството на филмот требаше да продолжи оваа година, со сопругот на Хачинс како извршен продуцент.