Боки на лист му напишал на Камчев колку пари да му исплаќа секој месец

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повод за тужбата на бизнисменот Јордан Камчев против Бојан Јовановски и Катица Јанева е штетата што му е нанесена од нив во случајот РекетТој денеска рече дека средствата кои ги бара како отштета се негови сопствени кои биле предавани преку други лица а се префрлани преку неговата трансакциска сметка, пренесе Република.

Тој објасни дека во летото 2018 година Јовановски му пристапил преку заеднички пријател и му понудил соработка со цел да му изнудат пари за фешн бизнис центри за кој нудел продажба на интелектуално право. За овој проект му биле побарани 4 милиони евра.

– Боки беше незадоволен, но беше многу моќен, во тоа време имаше контакти со политичарите. Втората средба беше за релаксирање на односите и ми кажа дека знае што се случува во мојата предистражна постапка, ми покажуваше слики со Јанева. Ми понуди претпроект за нова соработка, односно рекламен простор во 1ТВ. Знаејќи колкави се ценовниците во најголемите телевизии, тој понуди десет пати поголема сума од Сител ТВ. Ми објасни дека тоа е за цел проект и за ПР и соработка со Јанева и СЈО – рече Камчев.

Тој вели дека со Бојан се знаеле 20 години и затоа прифатил да се видат првиот пат за тој да му каже што знае за неговиот случај што го водело СЈО.

– Сите наши средби беа иницирани од Бојан. Откако не прифатив да се исплатат големите пари за измислените проекти, тој премина на втор дел од играта. Се случи предистрага за предметот Империја. По извесен период во притвор, организираа средба со Ана Камчева, на која Бојан ѝ побара 500.000 евра за да излезам од притвор. Ана во истражниот затвор тоа ми го кажа и јас ѝ реков дека нема гаранција за тоа. Потоа Бојан организира средба во Орман, на која доаѓа и Катица и на Ана ѝ ветува дека тоа што е договорано со Бојан, ќе се заврши. Поголема изнуда од тоа нема. Требаше притворот да биде заменет со куќен притвор. Парите се исплатени три дена по средбата. Од мојата трансакциска сметка на двапати 350.000 евра и 150.000 во канцеларијата на 1ТВ во присуство на заедничкиот пријател – раскажа Камчев.

Откако излегол од притвор, Боки со заедничкиот пријател отишле кај Камчев дома да го посетат. Како што рече Камчев, Боки речиси секоја вечер доаѓал кај нив на гости.

– Тогаш ми напомена дека дека ако сум бил кооперативен, немало да дојде до притвор. Се слушаше пред мене со Катица, ми ја даваше и мене да ја слушнам. Демонстрираше голема моќ – објасни Камчев.

На еден од разговорите Боки и Катица му спомнале колку пари требало да даде за да нема обвинение при што се спомнала сума од 8 милиони евра.

– Боки на лист напиша колку пари секој месец да му исплаќам, но сѐ да се испллати до јуни 2019. Првиот милион му беше исплатен во таа фамозна Луј Витон чанта – откри Камчев.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article