Боки 13 преку адвокатите посочува дека над еден милион фајлови ќе бидат предадени на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бојан Јовановски-Боки 13 преку адвокатите посочува дека над еден милион фајлови ќе бидат предадени на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а кои се однесуваат на сторен криминал од највисоки државни структури и бизнис елити.

Во соопштение до јавноста, тој посочува дека со оформувањето на предмет од страна на шефот на Обвинителството, Ислам Абази, започнува кривично-правната операција со кодно име „Бумеранг“.

„Ја поздравуваме итноста и ажурноста при постапувањето од страна на јавниот обвинител Ислам Абази и очекуваме пред сѐ темелна, ефикасна и непристрасна разрешница од страна на надлежниот обвинител кој ќе постапува по предметот. Поради високиот степен на карактерот и сериозноста на процесот ‘Бумеранг’ бараме и оценуваме посветеност, неселективност и максимална професионалност од страна на надлежниот обвинител. Напоменуваме дека поради обемноста на материјалот и доказите во бројка од 1.150.000 (еден милион и сто и педесет) фајлови со податоци во кои се содржани аудио снимени разговори, транскрипти, пораки, остварени телефонски комуникации, видео и фотографски записи, т.н. ‘бомби’, заради целисходност при постапување по предметот ќе биде потребно формирање на посебен тим за работа и процесуирање на кривичните пријави во согласност со реалните потреби за ефикасно и правилнло постапување по предметот, за кое нешто ќе истакнеме посебно барање до јавниот обвинител“, се вели во соопштението.

Таму е наведено и дека подносителот Бојан Јовановски ќе ги поднесува пријавите и ќе ги предаде доказите на записник по претходно утврдени законски гаранции за заштита на неговиот физички и психички интегритет поради карактерот, сензитивноста и сериозноста на отпоцнатиот процес со кодно име „Бумеранг”.

„Бојан Јовановски ќе ги поднесе пријавите и ќе ги предаде доказите во присуство на неговите полномошници мр.Владимир Туфегџиќ и Сашко Дукоски, адвокати од Скопје, единствено во сигурносно обезбедени простории во ОЈО за ГОКК, со визуелно, тонски запис од чинот на сослушување и предавање на доказите. Јавноста благовремено ќе биде известена за термините и динамиката определена од страна на надлежниот обвинител за текот на целиот процес и во рамки на законски дозволеното ќе бидат споделувани информации во јавноста кои нема да ја компромитираат иницираната кривично правна операција со кодно име ‘Бумеранг’“, наведено е во соопштението.

Share This Article