Правниот тим на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, испрати писмо до повеќе медиуми во кое се најавува објавување на мега-скандал поврзан со Kривичниот суд.
Во кусото соопштение се вели дека се работи за фалсификат за кој постои комплетна документација и докази.
„Утре, 17 февруари 2023 година, ќе биде доставено соопштение за јавност од страна на Бојан Јовановски со прекар Боки 13, осуден во предметот „Рекет“, во кое за јавноста ќе биде обелоденет скандал од невидени размери за сторен фалсификат од страна на Основниот Кривичен суд, во поткрепа на истото, а во прилог на соопштението ќе биде доставена комплетна документација и докази“, се вели во соопштението од правниот тим на Бојан Јовановски.