More

    Боки-13 бара спас од амбасадорката Анџела П. Агелер

    spot_img

    Ве молам за разбирање, помош и заштита од ваша страна, бидејќи сум апсолутно загрозен од тортурата пропратена со незаконити дејствија, нечовечно однесување и постапување од страна на надлежните органи, која се врши над мене во непроменет континуитет, но со зголемен интензитет – пишува Бојан Јовановски Боки-13, кој се наоѓа на издржување затворска казна во КПУ „Идризово“, во писмо до Амбасадата на САД во Македонија и амбасадорката Анџела П. Агелер.

    Во писмото Јовановски ја известува амбасадорката Агелер дека сè уште нема одговор на неговото барање за прекин на издржување на затворската казна, и покрај влошувањето на неговата здравствена состојба, за што приложува комплетна медицинска документација со која се потврдува тоа.

    Ве информирам дека барање за прекин е истакнато и до директорот на Управата за извршување на санкции на ден 01.02.2023 година и дека и од овој орган како суверен во својата одлука сè уште нема одлука по барањето.

    Воедно, важно за напомена дека единствен законски услов кој треба да биде исполнет за уважување на поставеното барање согласно чл. 224 ст.2 од Законот за извршување на санкциите е мислење од здравствен работник, а во конкретниот случај има повеќе мислења кои со сигурност укажуваат на мојата животно загрозувачка состојба и дека лекувањето не може и не смее да продолжи во пенални услови, бидејќи може да настанат компликации кои може да завршат со смртоносни последици по мојот живот, сето ова сега и потврдено на лице место во реално време и простор во затворската установа од 11 доктори од Итната медицинска служба Скопје. Исто така важно за напомена е фактот дека на осудени лица им се овозможувал институтот прекин и за помали дијагнози и интензитет на болеста.

    Сметам дека и јас сум рамноправен граѓанин на оваа држава и дека и за мене важат истите права и можности како и за сите други граѓани на државата, особено важно, сметам дека и за мене важи начелото на неповредливост на физичкиот и психичкиот интегритет загарантиран со Уставот на Р.С.Македонија и единствено барам законито постапување и правда.“ – пишува меѓудругото Јовановски.

    Тој ја извесува амбасадорката дека иницирал кривично- правна операција со кодно име “Бумеранг” пред ОЈО за ГОКК Скопје, во рамки на која е оформен предмет од страна на јавниот обвинител Ислам Абази.

    Во тоа име до вас испраќам барање и неприкосновена замолница за помош од ваша страна и во најкус можен рок да ме посетите вие лично или делегирано лице од ваша страна во КПУ Идризово“, бидејќи се соочувам со сериозни закани, уцени, негативни дејствија и појави од страна на поединци кои се директно засегнати од целата оваа актуелна состојба, а истите се со реална моќ и влијание. Во име на вашата императивна заложба за владеење на правото во нашата земја, во име на заштита на моите основни човекови права, а сето во рамки на вашите надлежности ве молам да постапите по ова известување и по мојата изразена замолница до вас и да ме посетите во најкус можен рок – пишува во писмото Јовановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img