Бојан Јовановски, е хоспитализиран во градската болница „Св. Наум Охридски“ и е задржан на лекување, потврдија од Управата за извршување санкции. Од таму велат дека во текот на денот, по побаран медицински преглед, лекар од затворот Идризово му издал упат на осуденикот Јовановски.
Неговиот адвокат, Сашо Дуковски, во изјава за порталот А1.он вели дека ова се случува откако Јовановски бил префрлен во полоши затворски услови.
Според Дуковски, во тек се лекарски испитувања, по што ќе се знае дали Јовановски ќе биде опериран.