Богоевски: Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД во јули годинава не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД во јули годинава не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, изјави денеска Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

Осумнаесетгодишниот Јован Мицкоски го придружуваше својот татко на официјалното патување во САД за Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата.

Според фотографија споделувана на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, каде што премиерот Мицкоски одржа предавање на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, американскиот експерт Едвард Џозеф и на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Богоевски денеска рече дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

– За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко – изјави Богоевски.

Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

Share This Article