More

    Богоев: Запленетите обврзници турскиот државјанин сакал да ги пренесе во странска држава, царинските службеници спречија можен меѓународен криминал

    spot_img

    Запленетите обврзници во висина од 92 милиони долари не биле на име на странскиот државјанин кој на 28 јули годинава се обидел да ги пренесе преку државава во странство. Царинската управа води финансиска истрага со цел докажување дали станува збор за обид за измама или за перење пари. Ова го истакна директорот на Царинската управа, Стефан Богоев во гостување на емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

    „Соработуваме и со многу меѓународни партнери бидејќи сè во однос на овој случај е поврзано со странски банки, странска фирма и странски државјанин. Единствено е што обврзниците се лоцирани на наша територија и оттука секоја меѓународна помош е добредојдена, затоа што сè подлежи на детални и сериозни проверки. Контактирани се повеќе институции од коишто очекуваме да ни помогнат и сериозно да се вклучат“, истакна Богоев.

    Тој понатаму потенцира дека должност на Царинската управа е детално да провери дали се работи за обид за измама, обид за перење пари или финансирање нелегални активности. Тоа е во насока на расветлување на случајот.

    „Замислете каква би била реакцијата доколку некој патник вака се прошета и потоа во Германија, Франција, Италија, Шпанија се случи нешто што не треба. Да почне истрагата и од таму да се врати наназад и да произлезе дека патникот поминал на скопскиот аеродром без контрола. Наша обврска е да целосно и детално да извршиме проверка. Јас сум задоволен како досега Царинската управа ја водеше постапката и повторно се заблагодарувам на царинските службеници и шефот на царинска испостава Аеродром Скопје за успешно завршената работа“, нагласи Богоев.

    Богоев понатаму објаснува дека патниците кои поминуваат на зелен канал, значи дека немаат ништо за пријавување. Притоа нивниот багаж поминува низ скенер при што детално се гледа што имаат во куферите. Во конкретниот случај тоа биле 184 обврзници со поединечна вредност од 500 илјади долари или вкупно 92 милиони евра. Дополнително сомнително било што лицето давало конфузни изјави и не бил конзистентен во одговорите на прашањата од страна на царинските службеници и инспекторите од Секторот за контрола и истраги.

    Богоев вели дека Царинската управа во континуитет ќе продолжи да ја информира јавноста за тоа што може да се пренесе преку граница, што граѓаните можат да носат со себе и што мора да пријават. Со правилна едукација, но и санкции за оние кои се обидуваат да ги прекршат законите, Царинската управа продолжува со посветеност на борбата против криминал и заштита на општеството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img