Богатството на извршниот директор на платформата Мета Марк Цукерберг за прв пат ја надмина границата од 200 милијарди долари, објави Блумберг.
Неговото богатството за помалку од две години порасна речиси 6 пати на 201 милијарда американски долари.
Според индексот на милијардери на Блумберг, тој сега е на четвртото место на листата на 500 најбогати луѓе во светот по Илон Маск, Џеф Безос и Бернард Арно.
Од 1 јануари оваа година, богатството на Цукерберг се зголеми за 73,4 милијарди долари благодарение на неговиот удел од 13% во платформата Мета.