Лери Елисон, сопственикот на компанијата за компјутерска технологија „Оракле“ (Oracle), стана трет најбогат човек во светот.
Акциите на „Oracle“ пораснаа на берзата за 63%, со што пазарната нето вредност на сопственикот на компанијата Елисон се зголеми на повеќе од 217 милијарди долари.
Ова го смести на третото место на листата на најбогати луѓе во светот, веднаш зад извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск и основачот на „Амазон“, Џеф Безос, објави CNBC.
Големата финансиска добивка на корпорацијата беше остварена од технологијата што се проби во светот на вештачката интелигенција.
Меѓу другото, компанијата OpenAI, која го создаде ChatGPT, ова лето објави дека ќе ја користи облак технологијата на „Oracle“.
Сопственикот на „Oracle“, кој наполни 80 години, е еден од постарите милијардери во технолошката индустрија, бидејќи неговите колеги се главно неколку децении помлади, како што е извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, чија пазарна вредност исто така порасна на повеќе од 200 милијарди долари.