Богатата наследничка Парис Хилтон ги изненади своите обожаватели со специфична божиќна честитка која ја објави на Инстаграм. Имено таа сподели снимка на која позира пред новогодишна елка, речиси гола односно обвиткана само со црвена лента во форма на панделка.
„Моето присуство е подарок“, напиша Хилтон под видеото кое предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Додека некои го пофалија нејзиниот потег, други коментираа дека видеото е сосема несоодветно за Божиќ.
„Еден ден твоите деца ќе го видат ова“, „Не сакам да те гледам во вакво издание, „Колку тажно за твоите деца и семејството“, „Мислам дека ова навистина не е соодветно „Ова е навистина срамно“, „Не. Избриши го ова“, „Ова е очајнички крик за внимание“, „Зошто?“, „Ме разочара“, „Од овој момент повеќе не сакам да те следам на социјалните мрежи“, беа дел од коментарите под снимката.
Потсетуваме, 43-годишната Парис и нејзиниот сопруг Картер Реум добија син со помош на сурогат мајка во јануари 2023 година, а на крајот на ноември минатата година ја добија и ќерката Лондон.
Парис и Картер се венчаа во ноември 2021 година, а беа пријатели 15 години пред да ја започнат врската во 2019 година, додека само три месеци подоцна се свршија.