More

    Бочварски ветува 1 милијарда евра инвестиции во железницата!?

    spot_img

    Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан. Поради тоа планираме инвестиција од преку една милијарда евра само во железничката мрежа, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешниот панел за Кластерот 4.

    Како што истакна Бочварски, ова било и темата на која пред два дена во Брисел разговарал со еврокомесарката за транспорт.

    -Во текот на разговорите со еврокомесарката воедно побаравме и поддршка од европските фондови во оваа фаза на преговори – напомена министерот.

    Во однос на приоритетите поврзани со кластерите 21 и 4, е, подвлече Бочварски, и алатката „е-транспорт” која овозможува посебна граѓанска контрола врз внатрешниот и меѓународниот превоз на патници.

    -На Коридорот 10 работиме на постапките за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) кој подразбира имплементација на мерки за поголема безбедност и информации за возачите во реално време. Во 2023 година е предвидена тендерска постапка и имплементација на ИТС – рече министерот.

    Тој се осврна и на зелената агенда, нагласувајќи дека се најавени измени во Законот за градење со кои ќе се поедностави постапката за поставување фотоволтаици, како за физичките така и за правните лица.

    -Ковид пандемијата не натера да делуваме регионално и Северна Македонија во тој дел беше првата земја што воспостави „зелени коридори” со држава членка на ЕУ, за брз и навремен транспорт на стоките и услугите – потенцира Бочварски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img