More

    Боби Џин Картер, сестрата на познатиот пејач Ник Картер од групата „Бекстрит бојс“, почина на 41-годишна возраст

    spot_img

    Боби Џин Картер, сестрата на познатиот пејач Ник Картер од групата „Бекстрит бојс“, почина на 41-годишна возраст. Оваа трагедија го погоди семејството на пејачот само една година откако почина неговиот брат Арон Картер.

    Според пишувањето на американскиот портал ТМЗ, Боби Џин Картер била пронајдена во својот дом на Флорида, а причината за смртта сè уште не е позната.

    Ова е трет член од семејството на Ник Картер кој почина во последните 10 години.

    Да потсетиме, пејачот Арон Картер, братот на Ник Картер, почина на 5 ноември 2022 година на 35-годишна возраст, кога се удави во када поради вдишување на компресиран воздух од лименки.

    Според пишувањата на странските медиуми, во неговиот дом биле пронајдени бројни празни лименки со компресиран воздух, како и куп шишиња со таблети и лекови кои инаку се издаваат на рецепт. Не е јасно дали поради предозирање се удавил во кадата, но полицијата верува дека тоа би можело лесно да биде возможно.

    Десет години претходно, Лесли Картер почина на 25-годишна возраст поради предозирање со разни лекови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img