More

    Боба Живојиновиќ сослушан во обвинителство

    spot_img

    Боба Живојиновиќ, поранешен тенисер и сопруг на Лепа Брена, завчера бил сослушан во врска со кривичната пријава поднесена против него и против уште едно лице за измама, открива српски „Курир“.

    Како што наведуваат, тој и Н.Р. се обвинети дека двапати продале ист брод и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000 евра.

    – Живојиновиќ денеска со адвокат сам се пријави во Обвинителството, каде што беше сослушан од обвинителот, по што беше пуштен – вели извор на „Курир“ запознаен со случајот.

    Изворот додава дека завчера се одржало и сослушувањето на второосомничениот, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело.

    Боба и Брена имаат јахта долга 30 метри, со шест спални соби, вредна дури 6.000.000 евра. Двојката која ужива да поминува време на неа и да плови низ Јадранското Море, реши да ја продаде. Таа се најде на веб-страница за изнајмување на луксузни јахти, по цена од 65.000 евра за неколку месеци во сезоната. Според сајтот, јахтата можете да ја изнајмите во вонсезона, односно од октомври до април, по нешто пониска цена, за околу 60.000 евра.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img