Блинкен: Украинската контраофанзива против руската војска сè уште е во рана фаза, но украинските сили постигнаa „значаен напредок“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот државен секретар Антони Блинкен синоќа изјави дека украинската контраофанзива против руската војска сè уште е во рана фаза, но дека украинските сили постигнале „значаен напредок“.

Блинкен, кој се наоѓа во работна посета на Мексико, беше прашан за неговата проценка за ситуацијата во Украина.

Украинските сили зазедоа десетици позиции во изминатите неколку дена, откако Москва во саботата го напушти главното упориште во североисточна Украина, што е нејзиниот најголем пораз од првите денови на нејзината агресија врз Украина.– Тоа што тие го направија е многу методично планирано и, се разбира, има значителна поддршка од САД и многу други земји во однос на тоа да се осигура дека Украина го има во свои раце тоа што и треба за да ја спроведе оваа контраофанзива – рече Блинкен за време на прес конференција во Мексико Сити.

Блинкен додаде дека конфликтот во Украина најверојатно ќе продолжи уште некое време, бидејќи Русија сè уште има многу значајни сили и оружје во Украина што ги користи неселективно против цивили и цивилна инфраструктура.

– Русија ја изврши оваа агресија. Мислам дека, со оглед на цената што ја плаќа, може и треба да се запре – рече тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќешно обраќање до сонародниците преку социјалните медиуми го повика Западот да ја забрза испораката на оружје додека украинските сили се обидуваат да ја консолидираат контролата врз голем дел од североисточната територија од која се истиснати руските сили.

Share This Article