Блинкен се обврза да ги укине ограничувањата за испораките на оружје за Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: U.S. Secretary of State Antony Blinken delivers remarks at the release of the 2023 Trafficking in Persons Report at the State Department in Washington, D.C., U.S., June 15, 2023. REUTERS/Sarah Silbiger//File Photo

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен се обврзал дека ќе ги укине ограничувањата за испорака на американско оружје за Израел.

Откако израелските и германските медиуми објавија дека Блинкен му ветил на Нетанјаху минатата недела дека Вашингтон ќе ги укине сите ограничувања за испорака на оружје за Израел во наредните денови, израелскиот премиер во видео снимка рече дека највисокиот американски дипломат му дал гаранции за тоа, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху рече дека му пренел на Блинкен за време на неговата неодамнешна посета на Израел дека длабоко ја цени американската поддршка, но дека не може да сфати дека Вашингтон во текот на неколку месеци ја ограничил испораката на оружје и муниција за Израел.

Share This Article