More

    Блинкен: САД целосно ја отфрлаат идејата за постојана израелска окупација на Газа

    spot_img

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека САД целосно ја отфрлаат идејата за постојана израелска окупација на Газа, нагласувајќи дека владата на Бенјамин Нетанјаху сега има можност да ја претвори својата воена кампања против Хамас во „долгорочен стратешки успех“.

    Зборувајќи со новинарите на пат од Тел Авив до Ријад за време на неговата посета на Блискиот Исток, Блинкен го повика Израел да ја искористи можноста создадена со слабеењето на капацитетите на Хамас во Газа и смртта на лидерот на Хамас Јахја Синвар за да се постигне долгорочно решение за конфликт.

    „Сега е моментот овие успеси да се претворат во долгорочен стратешки успех. Остануваат две работи: да се вратат заложниците дома и да се заврши војната со јасно разбирање за тоа што следува“, рече Блинкен, според Ројтерс.

    Блинкен рече дека верува оти Израел постигнал напредок во испораката на хуманитарна помош во Газа, но дека треба да се направи повеќе. Тој исто така додаде дека САД работат на јасно разбирање на плановите на Израел за идното управување со Газа. Според него, потребно е да се развијат конкретни планови за иднината на регионот.

    Шефот на американската дипломатија нагласи и дека одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад на 1 октомври мора да биде таков што нема да предизвика натамошна ескалација на конфликтот. На почетокот на оваа недела, ФБИ започна истрага за неовластено откривање на доверливи документи кои ги опишуваат подготовките на Израел за потенцијален одмазднички напад врз Иран. Иран тврди дека го извршил својот напад како одмазда за серијата напади врз иранските интереси и милиции кои ги поддржува низ Блискиот исток, вклучително и Хезболах, како и за убиството на лидерот на Хезболах Хасан Насрала во Бејрут, заклучува Гардијан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img