More

    Блинкен на маргините на самитот Г20 му рекол на својот руски колега дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“

    spot_img

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен на маргините на самитот Г20 му рекол на својот руски колега дека САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“. Блинкен „на поминување“ се сретнал со Сергеј Лавров на настанот во Индија, пишува Би-Би-Си.

    Ова кратко видување од помалку од 10 минути е е првпат тие двајцата да разговараат лице в лице од почетокот на војната во Украина.

    Дека тие двајца размениле муабет потврдил висок претставник на Стејт департментот. Според него, Блинкен, исто така, му рекол на Лавров дека Русија треба да го ослободи Пол Вилан, затворениот американски државјанин и дека Русија треба повторно да се приклучи на договорот за контрола на нуклеарното оружје наречен „Нов СТАРТ“ од кој неодамна се повлече.

    Блинкен всушност го лишил Лавров од каква било идеја дека САД се колебаат околу поддршката за Украина.

    Официјалниот претставник не открил што одговорил Лавров, но според него, немало знаци дека Русија ќе го промени правеццот во блиска иднина.

    Самитот Г20 на 20 индустриски најразвиени земји во Њу Делхи заврши без никаков договор или консензус за војната во Украина. Ова го соопшти министерот за надворешни работи. Во голем дел од разговорите доминираа и оние за влијанието на Кина во светот.

    Сепак, членките се согласиле за повеќето други прашања, како што е помошта за сиромашните земји, зајакнувањето на мултилатерализмот, промовирањето на безбедноста на храната и енергијата, климатските промени, родовите прашања и антитероризмот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img