Американскиот државен секретар Антони Блинкен во телефонски разговор со министрите за надворешни работи на земјите од Г7 изјави дека Иран и Хезболах можат да го нападнат Израел во рок од 24 до 48 часа, јавува Анадолија.
Според тројца извори запознаени со телефонскиот разговор, кои разговарале за американскиот медиум Аксиос, Блинкен рекол дека САД веруваат дека Иран и Хезболах ќе возвратат.
Информирајќи ги министрите за надворешни работи на Г7 дека не е јасно како Иран ќе возврати, Блинкен рече дека не го знаат точниот момент на нападот, но „тие би можеле да започнат во следните 24 до 48 часа“.
Блинкен истакна дека САД прават напори да ги ограничат нападите од Иран и Хезболах колку што е можно повеќе, а потоа да го прекинат циклусот на ескалација на тензиите со задржување на одговорот на Израел.
Повикувајќи ги министрите за надворешни работи на Г7 да извршат дипломатски притисок врз Иран, Хезболах и Израел да покажат воздржаност, Блинкен тврди дека зголемувањето на американските сили во регионот е за одбранбени цели.
Извор кој присуствуваше на состанокот рече дека Блинкен „изгледал разочаран“ додека ги информирал министрите за последните разговори со Израел за затворениците во Газа и договорот за прекин на огнот.