Поранешниот американски специјален пратеник за дијалогoт меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска во објава на мрежата Х наведе дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и советникот за национална безбедност Џејк Саливан шират лажни информации за распоредување српски војници на границата со Косово.
„Саливен и Блинкен вчера упатија лажни информации за српските војници на границата со Косово. Тие не се во контакт со Балканот“, објави Гренел на социјалната мрежа Х (Твитер).
Тој посочи дека лани имало 14.000 српски војници, дека денеска има 7.500, а до понеделник, како што наведе, на границата ќе има 4.000 српски војници.
„Белата куќа и Џо Бајден … зошто на Албин Курти му издадоа црвена линија од 3 јуни, а потоа го оставија без последици да ја премине линијата?“
„Слабоста предизвикува хаос“, потенцира тој.