More

    Блинкен го обвини Кремљ за интензивна репресија

    spot_img

    Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска оцени дека претседателските избори во Русија биле недемократски и дека се одржале во атмосфера на, како што наведе, „интензивна репресија на независните гласови и затвор, смрт или егзил на речиси сета вистинска политичка опозиција“.

    – Кремљ систематски ги маргинализира групите кои се залагаат за демократски процеси и владеење на правото, вклучително и набљудувачи на изборите. Руските власти, исто така, одбија да регистрираат антивоени претседателски кандидати под лажни изговори и не ја поканија Канцеларијата за демократски институции и човековите права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа или која било кредибилна меѓународна организација, да го набљудуваат гласањето – рече Блинкен во изјавата на Стејт департментот.

    Тој додаде дека овие потези илустрираат „до кој степен Кремљ им го скрати на своите граѓани транспарентниот и значаен демократски процес“.

    – Во тој контекст, овие избори може да се опишат само како недемократски – рече американскиот државен секретар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img