Бланка Стајков е полска манекенка и пејачка која беше меѓу најзабележаните натпреварувачки на евровизиската сцена, синоќа во Ливерпул, каде се одржа второто полуфинале на 67. издание на Евровизија.
На првата полуфинална вечер во финалето се пласираа Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска, Норвешка и Србија.
Од втората полуфинална вечер во финале влегоа Албанија, Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Ерменија, Словенија и Полска.
Токму полската претставничка беше една од највпечатливите во втората полуфинална вечер. Погледнете го нејзиниот настап:
Бланка Стајков својата прва песна „Strong Enough“ ја напишала на 14 години. Отсекогаш знаела дека сака да биде поп-ѕвезда. Живеела во САД 4 години и се школувала во разни училишта за пеење, а таму почнала и да настапува.
Украина победи лани на Евровизија, но од безбедносни причини поради војната во Украина одлучено беше овогодишната Евровизија да биде одржана во Ливерпул, Велика Британија.