(ВИДЕО) Благодатниот оган се подели меѓу верниците во Ерусалим.

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Благодатниот оган се подели меѓу верниците во Ерусалим. Илјадници палестински православни христијани и аџии од целиот свет присуствуваа денеска во Стариот град на Ерусалим на церемонијата на прославување на Светата светлина, со зголемено присуство на израелската полиција.

Прославата што го симболизира Исусовото воскресение привлекува илјадници верници секоја година во црквата на Светиот гроб, каде што се верува дека бил погребан Исус.

Церемонијата кулминира кога грчкиот православен патријарх од Ерусалим излезе од запечатениот празен гроб со запалена свеќа, најавувајќи го Велигден.

Израелската полиција значително го ограничи пристапот до настанот оваа година, поради безбедносни причини, објави Ројтерс.

За разлика од претходните години, кога во црквата имаше дури 10.000 верници, годинава се пропуштени само 1.800 внатре, а уште 1.200 надвор.

Дополнителни израелски контролни пунктови околу Стариот град, исто така, го ограничија пристапот до областа околу црквата.

Share This Article