More

    Бизнисот ја научи лекцијата, вели Битиќи

    spot_img

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека веќе е создаден ред со цените на храната по завршувањето на мерката „гарантирана цена“ откако дел од компаниите најавија дека ќе ги задржат гарантираните цени до 15 мај годинава.

    Тој и натаму смета дека системското решение на проблемот со цените е законот за забрана на нефер трговски практики што денеска е на пленарна седница во Собранието.

    -Очекувам да е создаден редот. Првите реакции на стопанствениците минатата недела беа навистина позитивни, за охрабрување и рекоа заради тоа што сакаат да бидат општествено одговорни ќе ги задржат истите замрзнати цени до 15 мај. Тоа се неколку компании и тоа е охрабрување дека сепак наспроти се’ што се случуваше во изминатиот период кога нема нарушување на вредносниот ланец, ланецот на набавка дека стопанствениците знаат да бидат општествено одговорни и да не прават притисок кон крајните корисници. Секако, законот е системско решение, решение кое што сме го немале и го немале никаде во Европа, е ново решение според ЕУ-директивите и мислам дека конечно ќе значи правиот пат којшто сите го бараме, а тоа е патот кон европската интеграција. Ваквите решенија укажуваат што е доброто на нашето интегрирање во ЕУ – рече Битиќи.

    Државниот пазарен инспекторат, додаде тој, прави надзор и инспекции, кога ќе воочи недоследности што се спротивни на законските одредби соодветно постапува и веќе се издадени две глоби на 2 супермаркета.

    -Навистина сакавме да укажеме дека во тешки времиња Владата ќе донесе мерки дури и кога се спротивни на принципите на пазарна економија, но сметам дека е дојдено време затоа што сите ја научивме лекција дека заеднички треба да се бориме против сите феномени во криза и дека сме доблесни да правиме и бизнис и да креираме политики и мерки на начин како што прилега на европска земја – изјави Битиќи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img