Бизарна несреќа во ноќен клуб во Карловац, девојките останале без коса

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Настапот со „палењето на шанкот“ во ноќниот клуб Монако во Карловац утрово околу 2 часот и 30 минути излегол од контрола и завршил трагично. Алкохолот се запалил на шанкот, се проширил меѓу гостите, а луѓето буквално почнале да горат, пренесуваат хрватските медиуми.

-7 лица побарале лекарска помош, 4 лица се тешко повредени, едно екстремно тешко и се наоѓа на одделението за интензивна нега, потврди директорката на Општата болница во Карловац, д-р Ивана Ковачиќ.

Директорката вели дека двајца од хоспитализираните пациенти имаат изгореници од втор степен, а едната е оквалификувана како тешка физичка повреда бидејќи на девојката и е повредено лицето, па поради можен респираторен стрес е на интензивна нега. Другата има изгореници на горниот дел од телото. Двајцата од повредените се на возраст од 22 години, а најстариот повреден е 41-годишник, соопштија од болницата во Карловац.
Порталот „Јутарњи лист“ стапи во контакт со Бернарда Ренко, која била во клубот Монако со нејзината сестра Викторија. Двете се повредени и сè уште се во шок.

– Келнерката го запали шанкот и не знам, запали кибрит, претпоставувам, огнот се прошири и кај нас, ми се запали целата лева страна од главата, односно косата. Видов дека еден од моите најдобри пријатели,Ивица гореше, се фрлаше и се тркалаше на подот, се обидувавме да го изгасиме. Сестра ми ја снема во тој момент, речиси беше згазена од толпата – рескажува девојката.

Таа вели дека ја видела девојка која е најтешко повредено и вели дека рацете и биле целосно изгорени.

– Сопственикот Гордан Фанчев дојде кај нас додека бевме надвор и ѝ рече на сестра ми која врескаше од болки: „Најдобро би било да си отидеш дома, бидејќи си пијана“ – вели Бернарда.

Таа наведува дека нејзината сестра има 15 конци, повредена е во стампедо предизвикано од паника.  Бернарда има изгореници на левата рака.

 

- Advertisement -
Ad image

Од ноќниот клуб Монако изразија жалење за инцидентот во кој се повредени десетина гости и на повредените им понудија помош.

Share This Article