Чешкиот инфлуенсер, продуцент, актер и претприемач, Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, лансирал наградна игра со главна награда од 1 милион долари, а парите ги складирал во контејнер со шифрирана брава.
Бидејќи победникот на крајот не се јавил, тој решил да го подели милионот на останатите натпреварувачи. И тоа го сторил на бизарен начин.
Сто илјади натпреварувачи во 6 часот наутро добиле мејл со информација за локацијата каде ќе бидат фрлени парите од хеликоптер. Натпреварувачите прво морале да ја погодат шифрата, а на крајот, според проценката, на закажаното место се појавиле 4.000 луѓе.
Луѓето со ранци и со чанти и избезумено ги собирале парите што паѓале буквално од небо. Поитрите си помагале со чадори.
На настанот присуствувале полицајци, пожарникари, лекари и приватно обезбедување, но немало потреба од интервенции.
Еве како изгледа кога од небото паѓаат 1 милион долари: